Недостиг на храна во Северна Кореја

Луѓе чекаат на автобуска станица, Пјонгјанг, 17.04.2017.

Северна Кореја се соочува со најголемата суша во последните 16 години која го загрози производството на храна, предупредија Обединетите нации. Во извештајот се наведува дека последиците од суштата ќе бидат најтежки по најслабите категории на населението, жените и децата. Северна Кореја во 90 години од минатиот век беше погодена од глад и од тогаш се потпира врз меѓународна помош во храна. Но, ваквата поддршка драстично опадна во изминативе неколку години поради меѓународните санкции против нуклеарната програма на таа земја.