Двајца загинати во силен земјотрес на Егејско море

По силниот земјотрес на грчкиот остров Кос

Силен земјотрес изутрината ги погоди грчките острови и турското крајбрежје на Егејско море. Предизвикани биле штети на зградите и, како што соопштија локалните власти, досега имало двајца загинати. Градоначалникот на Кос Јоргос Кирицис изјави дека освен двајцата загинати имало и десетици ранети. Според него, големи штети имало на пристаништето на островот. Земјотресот бил со сила од 6,7 степени со епицентар на 10 километри јужно од Бодрум, а на длабочина од 10 километри. По овој земјотрес следувале и 20 помали потреси.