НАТО - КФОР останува во Косово

Архива - Силите на КФОР.

Меѓународните сили КФОР ќе останат во Косово се додека тоа биде потребно, изјави денеска американскиот генерал и командант на силите на НАТО во Европа Кертис Скапароти, кој од вчера престојува во Белград на средби со претставници на српскиот државен врв посветени на соработка меѓу НАТО и Србија. Тој рече дека евентуална промена на статусот на КФОР ќе зависи од условите на теренот.

„КФОР ќе продолжи со својата мисија на гарант на слободата на движење и обезбедување сигурно опкружување во Косово се додека тоа биде потребно“, нагласи Скапароти.

Тој изјави и дека НАТО е загрижен поради идејата за трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, без промена на важечкиот косовски Устав.