За ВМРО-ДПМНЕ одлуките на Апелација се скандалозни

Влезот на Апелационен Суд.

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Апелацискиот суд изјави дека партијата како скандалозна ја оценува одлуката на судот за одредување притвор за обвинетите во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО. Според него, при носењето на одлуката не биле земени в предвид аргументите на одбраната, туку е водена исклучиво според барањата и диктатите на СЈО. Тој порача дека судот се вклучил во хајката која има за цел да изврши удар врз функционерите и самата партија ВМРО-ДПМНЕ.