Сенаторот Џон Мекејн има рак на мозокот

американскиот сенатор Џон Мекејн

На американскиот сенатор Џон Мекејн му е дијагностициран рак на мозокот. Докоторите соопштија дека станува збор за глиобластома, агресивен рак поврзан со тромб во крвта што му бил отстранет во минатата недела. 80 годишниот Мекејн и неговото семејство ги разгледуваат можностите за натамошна терапија, вклучувајќи комбинација на хемотерапија и радијација. Мекејн е на домашно лекување во неговиот дом во Аризона откако во клиниката Мејо докторите му го отстранија тромбот над неговото леко око. Републиканецот Мекејн во 2008 година беше претседателски кандидат.