ЕК со предупредување до Полска за судските реформи

Белгија-првиот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс,19.07.2017

Европската комисија побара од Полска да ги суспендира контроверзните судски реформи кои, како што рекоа, ќе имаат значително негативно влијание на независноста на полското судство или ќе се соочи со санкции од идната недела.

Првиот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс, денеска по состанокот на комисијата во Брисел, предупреди дека комисијата е блиску до повлекувањето на членот 7 од договорот за ЕУ што може да доведе до тоа Полска да го изгуби правото на глас во советот.

Откако ги доби изборите во 2015 година, националистичката партија на Право и правда го зголемува владиното влијание врз судството, обвинителството и медиумите. Минатата недела, парламентот во кој мнозинството го има таа партија, ги усвои судските реформи на кои опозицијата и други гледаат како на закана за одвојувањето на судската од извршната власт. Со измените му се дава на министерот за правда, кој е политички именуван, да ги поставува првите луѓе на полските судови. Дополнително парламентот ќе ги бира членовите на Националниот судски совет кој треба да ја штити независноста на судовите.