Рохани најави соодветна реакција на санкциите на САД

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја соодветно ќе одговори на новите санкции на САД посочувајќи дека Техеран останува посветен на нуклеарниот договор со шесте светски сили од 2015 година. Тој порача дека Иран секогаш ќе ги почитува меѓународните обврски.

Вашингтон вчера објави санкции против 18 индивидуалци и фирми кои имале врска со иранската програма за балистички ракети. Во реакцијата се наведува дека Техеран за возврат исто така ќе санкционира американски фирми кои дејствувале против Иран.