Порошенко во Грузија на граничната линија со Јужна Осетија

Украинскиот претседател Петро Порошенко за време на посетата на граничната линија меѓу Грузија и Јужна Осетија.

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја посети граничната линија меѓу Грузија и отцепениот регион Јужна Осетија. Порошенко е во дводневна посета на Грузија, која како и Украина се соочува со воена агресија од Русија и други форми на пристисок во последните години.

Порошенко заедно со грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили со двоглед ја набљудувале руската воена база во Јужна Осетија која се наоѓа на границата. Кабинетот на Маргвелашвили соопшти дека Порошенко ја споредил ситуацијата во земјата со околностите во источна Украина.