Во Турција продолжена вонредната состојба за уште три мeсеци

претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на собир по повод годишнината од неуспешниот пуч, Истанбул, 15.07.2017.

Турскиот парламент изгласа продолжување на режимот на вонредна состојба во земјата за уште три месеци. Парламентот уште еднаш ја продолжи вонредната состојба, која беше воведена по обидот за преврат на 15 јули минатата година. Владата во Анкара претходно поднесе барање во Парламентот за продолжување на режимот за вонредна состојба.