МНР: Нема загрозени Македонци во поплавите во Грција

Министерство за надворешни работи на Македонија

Интензивните врнежи што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави на патиштата особено на патот Лариса-Кожани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде што во Торони, Порто Куфо и Тристиника дошло до поплавување на паркирани возила и заглавување на десетина туристи. Овие лица информираат од македонското МНР, денеска биле евакуирани од грчките органи и меѓу нив нема македонски државјани.

Во конзулатот во Солун е примен повик од едно македонско семејство кое е на летување, но истото не се наоѓа во опасна загрозувачка ситуација. Од МНР додаваат дека врнежите и силниот ветар се очекува да престанат утре на пладне. Во македонскиот конзулат функционира дежурен телефон 00306987200410, на кој може да се обратат македонски државјани во случај на потреба.