Вучиќ ја продолжува посетата на Вашингтон

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на вториот и последен ден од посетата на Вашингтон би требало да се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс. Вучиќ изјави дека на состаноците со официјални претставници на САД ќе разговара за односите меѓу Белград и Приштина, како и меѓу Белград и Москва. Тој оцени дека за Србија било многу важно што ќе има можност да ја претстави својата политика во Вашингтон.