Турција одбележува една година од неуспешниот пуч

Турција одбележува една година од обидот за државен преврат. 14.07.2017

Турција денеска одбележува една година од неуспешниот обид за државен преврат. Турските власти за пучот извршен на 15 јули минатата година сметаат дека е одговорна, како што велат, терористичката организација ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе почне „национално демократско бдеење“ кое ќе трае до полноќ на 16 јули. Исто така закажана е седница на парламентот со специјална програма, а во Истанбул ќе се одржи поход на национално единство на Ердоган, ветерани од превратот и роднини на загинатите. Ќе биде отворен и споменик на жртвите на наеуспешниот пуч.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека е измината една година од надминувањето на најкрвавиот терористички напад во историјата на Турција, во која земјата ја потврдила својата сила, издржливост и способност за заздравување.