Со Бугарија договорот усогласен, сакаме подобра соработка со Грција

Министер за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров

Македонија и Бугрија го усогласија текстот на договорот за добрососедство чија цел е решавање на долгогодишните спорови и тензии, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Ројтерс.

Шефот на македонската дипломатија во интервјуто истакнува дека Македонија сака подобра соработка и со Грција, а во тој контекст била и неговата неодамнешна посета на Атина. Нагласува дека на средбите во Атина предложил Грција да дозволи Македонија да се приклучи кон НАТО под привремената референца, а да продолжат преговорите за изнаоѓање трајно решение за прашањето за името.

Прашан дали Македонија некогаш би била отворена за промена на името, Димитров изјави дека тоа е многу сложено прашање кое вклучува емоции и идентитет.

За решавање на тоа прашање потребно е да имаме процес кој ќе создаде национална позиција. Дефинитивно за тоа прашање ќе има референдум, истакнува министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервјуто за Ројтерс.