Трамп почесен гостин на воената парада во Париз

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, Париз, 13.07.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска ќе бидат почесни гости на традиционалната воена парада во Париз по повод францускиот државен празник, Ден на падот на Бастиља. Воената парада на Елисејските полиња ќе биде во чест на американските војници по повод стогодишнинатата од влегувањето на САД во Првата светска војна, како и на француските сили кои се борат протв Исламската држава. Последен американски претседател кој присуствуваше на парадата во Париз беше Џорџ Буш постариот во 1989 година во чест на 200 годишнината од Француската револуција.