Почнува Пивофест во Прилеп

Архивска фотографија: Пиво фест во Прилеп

Во Прилеп од вечерва до недела се одржува 15. јубилеен „Пивофест“, соопштија денеска организаторите, прилепската локална самоуправа и Центарот за граѓанска иницијатива. Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, сè е подготвено за добро организиран и сигурен фестивал.

Од локалната самоуправа објаснуваат дека хотелските капацитети во Прилеп веќе се преполни, исто и приватното сместување.

Фестивалот официјално ќе биде отворен вечер, од 21 часот. Ќе го отвори македонската група „Ај Кју“, потоа ќе настапи групата „Психомодо Поп“, а вечерта ќе ја затворат Амадеус бенд. Утре вечер забавата ќе започне со „Дон Минотт&Conquering Lion“, „Нокаут“ и Ален Исламовиќ. В сабота публиката ќе ја забавуваат Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ. На последната вечер од фестивалот, в недела, ќе настапат Тајфата со Димитар Андоноски, Џамбо Агушев и ѕвездата на годинашниов фестивал - Северина.