ЕУ со ултиматум до Унгарија за законот за образование

Протести во Будимпешта во април против законот за образование.

ЕУ и даде на Унгарија рок од еден месец да одговори на загриженоста за контровезниот закон за образование кој беше под критика дека е спротивен на европските закони. Доколку земјата не реагира ЕУ ќе преземе правни мерки, соопшти ЕК.

Во април, Унгарија го усвои законот, кој според критичари, е со цел да се затвори Централниот европски универзитет во Будимпешта. Универзитетот е финансиран од страна на филантропот Џорџ Сорос, кој од страна на поддржувачите на премиерот Виктор Орбан се гледа како на бастион на либералната опозиција.