Дводневен самит ЕУ-Украина во Киев

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко го отвори дводневниот самит на ЕУ и на Украина кој се одржува во Киев. Тој повика на поголема соработка на земјата со ЕУ и посочи дека пред точно еден месец Украинците со визната либерализација ја искусиле европската слобода.

Според него, повеќе од 100 илјади Украинци веќе ги искористиле своите биометриски пасоши да отпатуваат во ЕУ. Порошенко посочи и дека со тоа Украинците виделе со свои очи зошто Киев има аспирација за поблиски односи со ЕУ.