Во Солун седница на советот за соработка меѓу Србија и Грција

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Солун ќе учествува на првата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција со која ќе претседава премиерот на Грција Алексис Ципрас. Оваа седница, како што се оценува во Белград, е најголемиот и најзначаен настан во српско- грчките односи во последните 65 години и претставува посебен вид на зацврстување на соработката и на јакнење на врските меѓу Атина и Белград. Вучиќ во Солун ќе учествува и на трилатералниот состанок Србија, Грција, Бугарија посветен на односите во регионот и енергетското и инфраструктурно поврзување меѓу трите земји.