Апелацискиот суд расправа за пасошот на Пешевски

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски.

Поранешниот вицепремиер задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, пристигна во Апелацискиот суд каде на јавна седница се расправа за неговата жалба на одлуката на Кривичниот суд да му се одзеде пасошот.

Пешевски е обвинет во предметот „Траекторија“ на СЈО во кој четворица поранешни припадници во Владата се осомничени дека во 2012 и 2013 година презеле дејствија за изградба на автопатот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, и оти со своите постапки на Буџетот на државата му нанеле штета од 155 милиони евра, не почитувајќи го Законот за јавни набавки и постапувајќи според правила на кинеската фирма и банка која ги дала парите за изградба на овие патишта.

СЈО побара притвор за Пешевски, но Кривичниот суд донесе одлука само да му се одземе пасошот. Обвинителството поднесе жалба до Апелација за неизрекување мерка притвор за Пешевски.