Одложено судењето на поранешниот украински претседател Јанукович

Денешното рочиште за обвинението на поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.

Украинскиот суд го одложи рочиштето за случајот во кој обвинет е поранешниот претседател Виктор Јанукович за 3 август. На Јанукович му се суди во отсуство за предавство на земјата. Неговиот нов адвокат побара време за да се запознае со случајот. Обвинителството бара доживотна казна за Јанукович, кој откако ја напушти земјата во февруари 2014 година по масовните протести сега се наоѓа во Русија.