Собранието ќе расправа за разрешување на Зврлевски

jавниот обвинител на Македонија Марко Зврлевски

На денешното продолжување на шестата седница на Собранието на Македонија ќе се расправа по предлогот за разрешување на јавниот обвинител на Македонија Марко Зврлевски. Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја отвори оваа точката од дневниот ред по што за збор се пријавија сите пратеници од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, по тридневна расправа, пратениците ги усвоија Општите акти на Народниот правобранител кои треба да овозможат непречена работа на неколкуте канцеларии на Народниот правобранител во државата.