Времето денеска: сончево и многу топло

Во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени.