Казахстан го усвои законот за одземање на државјанство

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев го потпиша законот со кој им се овозможува на властите да им го одземат државјанството нa лицата кои биле осудени за кривични дела поврзани со тероризам и безбедноста на земјата. Законот претходно беше одобрен од Парламентот.

Согласно законот, на Казахстанците кои се осудени за организирање на терористички групи кои се закана за безбедноста на земјата, дејствувале против виталните интереси на земјата и спровеле заговор за убиство на претседателот може да им биде одземено државјанството. Критичари соопштија дека законот може да се употреби против опозициските политичари, бидејќи нејасно е под што се подразбира витален интерес на земјата.