Нова рунда мировни преговори за Сирија

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура го отвори новиот круг од индиректните мировни преговори меѓу сириската влада и опозициските лидери во Женева. Говорејќи на почетокот од петдневните мировни преговори, Мистура изјави дека договорите за де-ескалација на борбите во Сирија може да го поедностават конфликтот и да ја доведат земјата до фаза на стабилизација, но дека таквите договори мора да бидат привремена мерка и да избегнат поделба.

Почетокот на седмата рунда разговори се совпадна со првиот ден од прекинот на огнот во јужна Сирија кој беше постигнат со посредство на САД, Русија и Јордан минатата недела. Де Мистура изјави дека разговорите се одвиваат во Аман за да се следи спроведувањето на прекинот на огнот во Југозападна Сирија. Повеќе од 320.000 луѓе загинаа, а милиони се раселени од конфликтот кој избувна во Сирија во март 2011 година.