На 20 август референдум во Валандово

Архивска фотографија. Блокади на клучката Валандово-Прирава-Миравци од страна на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“.

Општина Валандово на 20 август годинава ќе спроведе референдум, на кој жителите ќе се изјаснуваат за продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс „Казандол“. На референдумот тие ќе се изјаснат и дали да се отворат нови рудници за металични минерални суровини. Од иницијативата „Спас за Валандово“ информираа дека одлуката ја потврдил советот на општина.

Ова е втора одлука за референдум на советниците на Валандово, откако првичната беше запрена од градоначалникот на општината, Николче Чурлиновски. Претходно на референдум Гевгелија и Богданци се изјаснија против отварањето рудници, а Дојран ќе се изјасни на 23-ти јули.