Продолжуваат борбите во ирачкиот град Мосул

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади и честита на војската за победата во Мосул.

Ирачките сили продолжуваат да се борат против милитантите на Исламската држава во некои делови од Мосул, еден ден откако премиерот Хаидер ал Абади го посети градот и упати честитки кон војската за големата победа која ја оствариле.

Ирачката национална телевизија јави дека се одвиваат борби во стариот дел на Мосул на западниот брег на реката Тигар. Генералот Хаидер Фахил изјави дека процесот за расчистување на градот од експлозиви и разни други направи ќе продложи уште некое време. Милитантите ја презедоа контролата врз Мосул во 2014 година.