Времето денеска: сончево со мала локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во планинските подрачја со услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 31 до 39 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата од 19 до 38 степени.