Тргна поворката со посмртните останки на жртви од геноцидот во Сребреница

Ковчези со посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница поминува низ Сараево, 09.07.2017

Поворка од камиони со посмртните останки на 71 жртва на геноцид во Сребреница тргна од Високо кон Поточари, каде што на 11 јули ќе бидат закопани во колективната гробница. Најмладата жртва која ќе биде закопана е 15 годишниот Дамир Сулјиќ, а најстарата е Алија Салиховиќ, роден 1923 година. Колоната со камиони застана во Сараево пред зградата на претседателството на Босна и Херцеговина, а насобраните граѓани и политичари им одадоа почит и положија цвеќе. По овогодинешното заедничко закопување во комплексот во Меморијалниот центар Поточари ќе бидат закопани вкупно 6574 жртви.