Тилерсон во прва посета на Украина

Украина-државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и претседателот на Украина Петро Порошенко на средба во Киев, 09.07.2017

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон е во официјала посета на Украина, во чии рамки разговара со претседателот Петро Порошенко и со други официјални претставници. Денешната посета на Тилерсон е прва на таа земја откако стана државен секретар. На почетокот на разговорите тој рече дека Украина поминала долг пат и дека се уште треба многу да се направи за да се осигура иднината на земјата и да се направи таа поатрактивна за странски инвеститори. Според Стејт департментот Тилерсон исто така ќе се сретне со клучните активисти кои се вклучени во реформите. Средбите доаѓаат откако во рамки на самитот на групата 20 во Хамбург, се сретнаа претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин, а на состанокот присуствуваше и Тилерсон.