Договор меѓу САД и Русија за прекин на огнот во дел од Сирија

Архивска фотографија-борци во југозападна Сирија

САД и Русија вчера објавија прекин на огнот во југозападна Сирија како прв мировен обид во земјата погодена од војна откако Доналд Трамп стана американски претседател. Прекинот на огнот, кој треба да стапи во сила на 9 јули, беше објавен по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на групата 20 што се одржува во Хамбург, Германија. Договорот се чини ќе се смета за дипломатско постигнување на Трамп на неговата прва средба со Путин иако со месеци се подготвуваше. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го нарече прв знак дека Русија и САД се спремни да работат заедно во Сирија и додаде дека ќе биде проследен со напорите за постигнување мир во други делови од земјата.