Трамп и Путин се сретнаа на самитот на Г20 во Хамбург

Трамп и Путин во Хамбург, 7,7 2017.

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа на маргините на Самитот на Г20 во Хамбург. Трамп вели дека очекува „многу позитивни работи“ за Москва и за Вашингтон. Двајцата лидери дадоа куси изјави пред новинарите. Трамп рече дека му е чест да се сретне со Путин, а Путин пак рече дека е среќен што се среќава со Трамп.

Ова е прва лична средба на двајцата претседатели, откако Трамп ја презеде функцијата во јануари, но нивната средба доаѓа во време на продлабочена криза во билатералните односи, поради конфликтите во Сирија и Украина, како и поради наводното руско мешање во кампањата за претседателските избори во САД.