Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 31 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 35 степени.