Тилерсон: САД се подготвени да соработуваат со Русија во Сирија

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Соединетите држави се подготвени да соработуваат со Русија во Сирија. Ова, според оценките на новинските агенции, претставува своевиден гест на помирување пред средбата на лидерите на двете земји Доналд Трамп и Владимир Путин оваа недела во Хамбург. Тилерсон прецизира дека соработката со Русија би била во етаблирањето на зони за забранети летови и при заедничката контрола на примирјето, како и на хуманитарната помош. „Соработката меѓу САД и Русија ќе креира стабилност во Сирија“, оцени тој.