Заев: Се уште не е донесена одлука кој ќе биде директор на ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев изјави дека Александар Обрадовиќ е квалитетен кадар во областа на енергетиката, но тоа не значи по автоматизам дека ќе биде директор.

"Да, тој е еден од опциите за директор во ЕЛЕМ. Сепак, се уште не знаеме кој од политичките субјекти ќе преземе одговорност врз која институција"изјави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба во Стопанската комора.

Toj напомена дека е преуранета дебатата дали некаде некој ќе биде директор.

"Апсолутно имам намера најпрво да ја искористам домашната експертиза, а потоа и онаа што однадвор и се нуди на Македонија во функција на зголемување на севкупната продуктивност и капацитетност на државата" дополни" Заев.