Средба на Џипинг и Меркел во Берлин

Кинескиот претседател Кси Џинпинг и германската канцеларка Ангела Меркел.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг во Берлин оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел како дел од серијата на дипломатски средби пред самитот на Г20 на 7 и 8 јули во Хамбург.

Џипинг изјави дека односите меѓу Кина и Германија влегле во нова фаза. Меркел посочи дека нејзината земја би сакала заедничко отворање на пазарот со Кина, вклучително и потпишувањето на инвестициски договор кој еден ден би водел до договор за целосна и слободна трговија. Таа додаде и дека Германија може да соработува со Кина на проектите во Африка и Авганистан.