Случајот со соборувањето на авион во источна Украина на суд во Холандија

Остатоци од патничкиот авион на Малезија Ерлајнс по соборувањето во источна Украина.

Холандското министерство за надворешни работи соопшти дека на осомничените за соборувањето на патничкиот авион на Малезија Ерлајнс во источна Украина ќе им се суди во земјата. Во соопштението не се наведени имињата на осомничените за трагедијата на 17 јули, 2014 година во која загинаа 298 луѓе од 17 земји.

Меѓународната кривична истрага утврди дека авионот бил соборен од ракета истрелана од руски ракетен систем „Бук“од страна на бунтовниците во источна Ракетниот систем кој бил донесен во источна Украина по соборувањето на авионот бил вратен во Русија. Официјална Москва отфрли секаква вмешаност во инцидентот на авионот кој беше на лет од Амстердам до Куала Лумпур.