Брнабиќ-ако Србија биде приморана да одлучи ќе ја избере ЕУ, не Русија

Aрхивска фотографија-премиерката на Србија Ана Брнабиќ

Ако Србија биде приморана да бира меѓу поблиски врски со Русија и зачленување во Европската унија, ќе се одлучи за второто, рекла српската премиерка Ана Брнабиќ во интервју за американската новинска агенција Блумберг, пренесува РТС. Таа додала дека како премиерка ќе го следи патот што го започнал нејзиниот претходник, Александар Вучиќ за да ја подготви земјата за членство во ЕУ до 2020 година кога и завршува мандатот. Ние имаме емотивни врски со Москва поради традицијата, верата и културата, а во Србија голем дел луѓе ја доживуваат Русија како наш поголем брат и заштитник, рекла Брнабиќ, додавајќи дека тие чувства не можат да се занемарат, но дека нивниот стратешки пат е Европската унија.