Трамп и Меркел ќе се сретнат пред самитот на Г20 во Хамбург

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел на самитот на Г7 во Таормина, Италија, 26.05.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретнат пред самитот на Г20 во Хамбург откако деновиве разменија различни мислења околу климатските промени и трговските прашања. Портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт изјави дека средбата најверојатно би се одржала на 6 јуни пред самитот чиј домаќин е германската канцелрка. Таа деновиве предупреди дека освен во врска со борбата против тероризмот, во другите области имало многу големи разлики меѓу двете земји.