Во Охридско синоќа три земјотреси

Охрид

На подрачјето на Охрид синоќа биле регистрирани уште три земјотреси со сила од 3 ипол до 3,9 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот бил регистриран во 20 часот и 3 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Најпознатиот туристички град во Македонија во изминативе две недели е зафатен со серија земјотреси, а најсилниот беше регистриран вчера во 13 часот и 18 минути. Тој ги вознемири жителите и туристите и предизика оштетувања на постарите објекти.