Груевски се сретна со Нимиц

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со посредникот во спорот за името на ОН, Метју Нимиц. На средбата присуствувале и членовите на Извршниот комитет на партијата, Антонијо Милошоски и Никола Тодоров.

„Целта на посетата на Нимиц е почувствување и запознавање со општата атмосфера во државата во однос на спорот со Република Грција што ќе му помогне во иднина за евентуално пристапување со нови идеи и размисли кој би помогнале во процесот“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Посредникот Нимиц претходно се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.