Три автомобил - бомби експлодирале во Дамаск

Архивска фотографија - Дамаск, мај 2017.

Три автомобил-бомби експлодираа денеска во главниот град на Сирија, Дамаск, при што загинаале најмалку осум луѓе, а повредени се неколку други, објавија тамошните државните медиуми.

Еден автомобил-бомба бил активиран на плоштадот Тахрир во централниот дел на Дамаск, откако властите го бркале, а потоа го опкружиле автомобилот. Другите две автомобил-бомби биле уништени од страна на безбедносните сили, кои ги разнеле на влезот во градот, објавија државните медиуми.

Државната телевизија соопшти дека властите спречиле „терористите да ја постигнат својата цел“.

За експлозиите објави и Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.