Путин ги продолжи санкциите кон Западот

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин го продолжи ембаргото на производи за храна од Западот до крајот на 2018 година, продолжувајќи ја политиката на Москва на одмазда на западните санкции против Русија за одземањето на украинскиот полуостров Крим и за поддршката на про-руските сепаратисти во источна Украина.

Во претседателсккиот декрет објавен денеска се вели дека ембаргото на западните производи, како млечни производи, месо и повеќето од другите видови храна, е продолжено до 31 декември 2018 година.

Одлуката доаѓа два дена откако Европската унија формално ги продолжи економските санкции кон Русија воведени во 2014 година. Москва тогаш одговори во август 2014 година со забрана за прехранбени производи од ЕУ, САД и другите земји кои воведоа санкции кон Русија.