Бугарски навивачи неколку часа го блокираа патот Куманово-Крива Паланка

Полициска станица во Куманово. Полиција, полициско комбе.

Навивачи на спортскиот клуб „Ботев“ од Пловдив неколку часа го блокираа магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, бидејќи полицијата ги пресретнала со цел да ги приведе. Тие претходно на бензинска пумпа кај кривопаланечката обиколница испишале навредливи содржини за Македонија.

Сообраќајот по блокадата е нормализиран, но полицијата се уште не ги привела лицата. Тие се наоѓаат покрај патот, како и полицијата. Навивачите транзитирале низ Македонија кон Албанија.