Жбогар со оцена дека Македонија остварила напредок кој создал оптимизам

Евроамбасадорот Самуел Жбогар

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната седница на Комисијата за европски прашања изјави дека државата направила напредок и сега има нов свеж почеток кој создал надеж и оптимизам меѓу граѓаните, во Брисел и земјите - членки на ЕУ. Таа нова енергија, според него, создала нови можности, но, како што наведе Жбогар и на одредена одговорност кај претставниците на политичките партии и на институциите. Граѓаните, порача тој, очекуваат можност за подобра иднина.

Жбогар укажа на улогата на Парламентот во политичкиот дијалог и неопходната дебата, посочувајќи дека е охрабрен од присуството на претставници на сите политички партии и повика на надминување на сите поделби и конфликти. На комисијата едногласно беше донесена одлука на Собранието да му предложи Декларација за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Македонија во ЕУ.