Српскиот Парламент денеска одржува седница за избор на новата влада, на која мандатарката Ана Брнабиќ го презентираше експозето за работа на нејзиниот кабинет и неговиот состав. Идната српска влада ќе биде составена од четворица вицепремиери, 18 ресорни министри и тројца министри без ресор. Владата се избира со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Народното собрание.