Албанските социјалисти на пат да освојат нов мандат

Премиерот на Албанија Еди Рама

Прелиминарните резултати покажуваат дека албанската владејачка Социјалистичка партија е на пат да освои нов мандат на владеење на изборите што се сметаат за клучни за идниот однос на земјата со Европската унија. Со повеќе од половина од преброените гласови, партијата на премиерот Еди Рама освои речиси 52 отсто од гласовите, објави Централната изборна комисија. Тоа ќе им обезбеди социјалистите 76 места во Парламентот со 140 пратенички места или уште 11 пратеници повеќе отколку на претходните избори во 2013 година. Според делумното пребројување, умерено десната Демократска партија на Луљзим Баша беше освои околу 29 отсто од гласовите.Официјалните резултати се очекуваат подоцна во текот на денот. Ако прелиминарните резултати се одржат, тоа ќе му овозможи на 52-годишниот проевропски Рама да ја постави политичката агенда без потреба од коалиција.