Меј постигна договор за формирање малцинска влада

Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј постигнала договор со ирската Демократска унионистичка партија за поддршка на нејзината малцинска влада и за усвојување на нејзината законодавна агенда во Парламентот при крајот на неделава.

Согласно договорот, конзервативната Влада на Меј ќе овозможи фондови за зајакнување на економијата на Северна Ирска и ќе инвестира во инфраструктурата, медицината и образованието. Вкупната вредност на договорот изнесува дополнителни милион фунти.