Социјалистите на Рама водат на изборите во Албанија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Првичните резултати од изборите во Албанија покажуваат дека Социјалистите на премиерот Еди Рама ќе добијат од 45 до 49 насто од гласовите, доволно за над 71 место во парламентот од 140 пратенички места. Умерено десната Демократска партија на Љуљзим Баша ќе добие 30 насто од гласовите.