Иран уапси околу 50 лица за врски со тероризам

Архива - Полициски сили на денот на нападите на 7 јуни во Иран.

Иранските власти уапсија најмалку 50 осомничени за врски со терористички групи во Западната провинција, соопшти денеска обвинителството. Апсењата доаѓаат по двојните смртоносни напади на 7 јуни во иранскиот главен град Техеран, за кои одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава.

Провинцискиот обвинител Немад Садеки за државната иранска телевизија ИРНА изјави дека од терористите се запленети „солиден број на сомоубиствени појаси, електронски детонатори и оружје.“

Вчера иранските државни медиуми ги цитираа иранските разузнавачки служби како велат дека притворите група поврзана со ИД. Во извештаите не се наведени детали за локацијата на уапсените.