Партиски препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Илустрација - Лидерите на партиите ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и СДСМ Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку партиски соопштенија денеска упатија низа меѓусебни обвинувања.

СДСМ посочи дека 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ оставило сериозни штети врз интересите на државата и граѓаните и оти го нарушило нивниот угледот. Од партијата велат дека се направени огромни пропусти во изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип и оти се предизвикани огромни кои дополнително сериозно го оптоваруваат државниот буџет. Оттаму наведуваат дека ќе има одговорност за сите злоупотреби на институциите и на парите на граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ неколку дена го повикуваат премиерот Зоран Заев, како што наведуваат, да каже што договарал во Софија. Од партијата истакнуваат дека Заев во предизворниот период ветувал јавни дебати за секое позначајно прашање, за граѓаните да кажат што мислат, а сега склучувал договори од витално значење за државата без да ги праша и да објави што и како договорил, велат од партијата. Оттаму додаваат дека Заев од Софија кажал дека ќе се бришат делови од учебниците по историја, без да каже кој за тоа ќе одлучи.